+389 2 3121 020 +389 70 205 331
mk en

За нас

Регистрирана во 1994 година, агенцијата МБИ е првата, а со тоа и агенција со најдолга традиција и најголемо искуство во областа на обезбедување на лица и имоти во Република Македонија.

Согласно со Законот за обезбедување на РМ агенцијата поседува дозвола за работа бр. 21-42912/1 од 12.12.2000 година, издадена од МВР Скопје.

Агенцијата е сертифицирана со систем за управување со квалитет ИСО 9001:2008 со чија имплементација гарантира за квалитетот на услугите за обезбедување.

Согласно со ИСО стандардите, МБИ поседува сопствена политика за квалитет и интерен правилник за работа, со кои се регулира деловниот систем за квалитет.

Агенцијата МБИ е член на комората за обезбедување на РМ и дел од интернационалниот тим за обезбедување Securitas Alert Services, со што е во можност за давање на услуги во 25 европски држави и Јужна Америка.

Агенцијата МБИ врши услуги на целата територија на РМ и во соседните земји преку своите претставништва и соработници, со посебно обучен тим со висок степен на професионалност, согласно со сите светски стандарди.

Од 1999 година агенцијата со успех пружи услуги за обезбедување на голем број интернационални и хуманитарни организации, странски компании и нивни претставници и резиденции.

Референтна листа

  • Европска Комисија – Европска Агенција за Реконструкција
  • Специјалниот Пратеник на Европска Унија
  • ЕУ-ФОР во Скопје
  • ИОМ
  • СОС Детско село
  • ВОЛВО Сервис за Камиони
  • Скопска и Развојна и Менаџмент Компанија
  • Палата Македонија
  • ТВ Ера
  • Гоива
  • Гордон
  • Тутунски Комбинат
  • Алкалоид
  • Агромеханика
  • Економска Зона – Бунарџик
  • Аеродром Александар Велики – Скопје
  • Хотел Александар Палас
  • Сител Телевизија
  • АД Пролетер
  • Централна Кооперативна Банка (сите експозитури низ РМ)
  • Макохемија
  • Хотел Силекс – Охрид
  • Хотел Галеб – Струга
  • Унионгас
  • Инекс – Австриска Авио Компанија – Скопје
  • Хотел Кратис
  • АД Славија
  • Тутунски Комбинат - Прилеп
  • Дема Табак – Скопје
  • Арена “Филип II” – Скопје
  • Интеркомерц
  • Макошпед
  • Техногас
  • Хит – Инжињеринг
  • Зола Компанија
  • Прима Тобако
  • Давид Колеман Компанија
  • Осигурителна Полиса
  • Агротехна
  • Био – Леб Скопје
  • Даниел Рушти ДООЕЛ – Скопје
  • Интеревропа
  • Жито – Прилеп
  • Тобако Холдинг – Скопје
  • Саинт Гобаин
  • Прографика

Услуги

Физичко обезбедување

Обезбедување на приватни и комерцијални објекти и имоти со униформирани лица целосно опремени за извршување на должноста.

Техничко обезбедување

Проектирање, инсталирање и одржување на техничка опрема за обезбедување согласно со сите технички прописи и стандарди.

Патролно обезбедување

Целосно опремен моторизиран тим за 24 часовно патролно обезбедување.

Вип заштита

Придружба и заштита на деловни клиенти со телохранители од висока класа со сопствени луксузни возила.

Обезбедување на транспорт и вредности

Придружба и заштита на транспорт за вредности, хартии од вредност и акцизна роба на територија на РМ и надвор од неа.

Консалтинг услуги и безбедносни проценки

Совети и стручно мислење, изготвување на елаборат за безбедносна проценка.

Повеќе за нас

Имплементација на стандардите за работа регулирани со ИСО и политиката за квалитет се под надзор на менаџерскиот тим на агенцијата, кој е во постојан контакт со клиентите и вработените, со цел за да се задржи и подобри водечкото место во областа на обезбедувањето.

Тимот го сочинуваат мотивирани млади. професионални лица, секогаш уредни и со добри манири, во препознатливи униформи со ознаки на агенцијата.

Сите вработени поседуваат лиценца и легитимација за обезбедување, добро го познаваат Англискиот јазик, психо-физички спремни за извршување на своите задачи.

Контакт

Адреса: Антон Попов бр. 31

1000 Скопје, Република Македонија

е-маил: mbibogdan@yahoo.com

телефон:+389 2 3121 020

мобилен (24/7):+389 70 205 331